Последна промена:17.06.2026    

Почитувани,


Ве известуваме дека ТТК Банка направи надградба на решението за 3DS security при плаќање преку интернет за имателите на платежни картички издадени од ТТК Банка од брендовите VISA и Mastercard.


Со надградбата на решението, пред испраќањето на OTP код кој што се испраќа по SMS на клиентот за авторизација на интернет трансакцијата, ќе биде потребно да се внесе лична лозинка / PIN која што е уникатна за секој корисник.


Иницијалната лозинка / PIN за секој клиент е почетно дефинирана според шемата одредена од ТТК Банка. Секој корисник има можност да ја промени иницијалната лозинка / PIN преку е-Банк или м-Банк во делот на општи формулари -> промена на лозинка при интернет плаќања.


На овој линк може да се дознае иницијалната лозинка / PIN.


Подетално упатство на следниот линк.


Со почит,

ТТК Банка АД Скопје




Логирање
Превземете ги потребните документи за пристап до Електронското Банкарство


Заборавена лозинка за електронско банкарство
SiteLock
SSL Secure
© TTK Банка А.Д. Скопје, А.Д. Скопје, 2026