Последна промена:06.06.2025    

Почитувани,

ТТК Банка изврши измена на Општите услови за платежни сметки за физички лица со примена од 28.07.2025 година како и измени во Тарифата за надоместоци на услуги во делот на платежните услуги за физички и правни лица со примена од 28.07.2025 година односно 01.08.2025 година.

Исто така со примена од 28.07.2025 година извршена е измена на Општите услови за електронско/мобилно банкарство.

Информации за измените се достапни на интернет страницата на Банката, порталот за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги или во хартиена форма во филијалите и експозитурите на Банката.

Во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека, како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примената на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на кој било датум пред датумот на примената на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје



Логирање
Превземете ги потребните документи за пристап до Електронското Банкарство


Заборавена лозинка за електронско банкарство
SiteLock
SSL Secure
© TTK Банка А.Д. Скопје, А.Д. Скопје, 2025